Категорија: Главни јадења, Појадок
Cuisine: Италијанска
Количина
1 Порција
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
20 мин.
Ова е само уште еден вид на едноставно приготвени јајца за појадок, кои со мали додатоци лесно добиваат италијански акцент. Какви се при дегустација? Апсолутно вкусни! Се служат на леб со сирење и лук, но имам за вас малку поинтересна, побрза и поздрава верзија без леб, а со истите вкусни состојки 🙂 На здравје!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Растопете го путерот и измешајте го со макалото од лук и магдоносот. Половина од оваа смеса нанесете ја врз тортиљата, додадете го сирењето и преклопете ја. Запечете ја во микробранова печка до 4 минути, или додека не стане крцкава. Остатокот од смесата со лук ќе го премачкате врз преклопената и запечена тортиља.
- Во меѓувреме, изматете ги јајцата, додадете го исецканиот босилек во садот со јајца, како и пармезанот. Пригответе ги во тава за пржење, со повремено мешање со помош на дрвена шпатула.
- Штом тортиљата со лук и сирење е готова и премачкана со остатокот од смесата со лук и путер, пресечете ја на половина и истурете ги изматените јајца врз неа. Јас додадов и исецкана рукола и малку рендана моцарела за уште подобар изглед и вкус. На здравје!