Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Француска
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
Ви претставувам нов вид на пилешко месо кое се топи во уста и мора да го пробате. Poulet à la Moutarde е рустикален француски оброк којшто се приготвува за кратко време и верувајте дека претставува големо гурманско задоволство за секој љубител на сенф. Пробајте го што поскоро!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Пилешкото исецкајте го на коцки и ставете му сол и црн бибер.
- Кромидот исецкајте го и пропржете го во тава додека не стане стаклест. Потоа додадете го и месото во тавата и пржете околу 10 минути. Додадете 90мл од виното и динстајте додека не испари речиси целосно (со тоа месото ќе стане меко и сочно).
- Додадете го остатокот од виното (10мл), сенфот, хоплата, мајчината душица и промешајте убаво.
- Додадете го пармезанот и гответе уште 6-7 минути на слаб оган.
- Послужете со ориз, компири или тестенини.