Француска кујна: Poulet à la Moutarde (Пилешко во сенф) ??

Ви претставувам нов вид на пилешко месо кое се топи во уста и мора да го пробате. Poulet à la Moutarde е рустикален француски оброк којшто се приготвува за кратко време и верувајте дека претставува големо гурманско задоволство за секој љубител на сенф. Пробајте го што поскоро!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 600 g пилешко месо
  • 1 кромид
  • 1 шолја бело вино
  • 40 g сенф
  • 1/3 tsp црн бибер
  • 1/3 tsp сол
  • 100 ml хопла за готвење
  • 40 g ситно рендан пармезан
  • 1/2 tsp зачин мајчина душица
Инструкции
  1. Пилешкото исецкајте го на коцки и ставете му сол и црн бибер.
  2. Кромидот исецкајте го и пропржете го во тава додека не стане стаклест. Потоа додадете го и месото во тавата и пржете околу 10 минути. Додадете 90мл од виното и динстајте додека не испари речиси целосно (со тоа месото ќе стане меко и сочно).
  3. Додадете го остатокот од виното (10мл), сенфот, хоплата, мајчината душица и промешајте убаво.
  4. Додадете го пармезанот и гответе уште 6-7 минути на слаб оган.
  5. Послужете со ориз, компири или тестенини.