Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Појадок, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Азиска
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 5 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
35 мин.
Гинисанг Мунго е филипинска пикантна чорба која се прави со грав од мунг, лук, домати и зачини и е неверојатно здрава и вкусна. Бидејќи немав азиски грав од мунг, експериментирав и чорбата ја направив со црвена леќа. Како личност која не е голем обожавател на леќата, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што сум го пробала во целиот мој живот! И сè уште не можам да верувам дека е направена во мојата кујна! Можете да ги најдете сите зачини во вашата најблиска продавница, така што не пропуштајте го овој неверојатен вкус!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Загрејте го путерот во тава за готвење и испржете го сецканиот лук. Додадете го сецканиот домат и промешајте уште една минута. Додадете ја водата, црвената леќа и сите зачини, па варете 30 минути.
- Додадете хопла за готвење/кокосово млеко во чорбата, промешајте го со лажица и варете го уште 2 минути. Декорирајте со хопла за готвење/кокосово млеко и сецкан млад кромид. Задолжително послужете со кисели краставички.