Филипинска Мунго чорба

Гинисанг Мунго е филипинска пикантна чорба која се прави со грав од мунг, лук, домати и зачини и е неверојатно здрава и вкусна. Бидејќи немав азиски грав од мунг, експериментирав и чорбата ја направив со црвена леќа. Како личност која не е голем обожавател на леќата, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што сум го пробала во целиот мој живот! И сè уште не можам да верувам дека е направена во мојата кујна! Можете да ги најдете сите зачини во вашата најблиска продавница, така што не пропуштајте го овој неверојатен вкус!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 35 мин.
Состојки
  • 1 шолја црвена леќа
  • 1 домат (сецкан на коцки)
  • 4 чешниња лук (сецкан)
  • 1 tbsp путер
  • 1 блага зелена пиперка (сецкана)
  • 4 шолји вода
  • 1/2 tsp сол (додадете повеќе ако сакате на крај)
  • 1 tsp сушено нане
  • 1/2 tsp чили зачин
  • 1/2 tsp лук во прав
  • 1/2 tsp ѓумбир во прав
  • 1/2 tsp црвен пипер
  • 1/4 tsp црн бибер
  • 100 ml хопла за готвење или кокосово млеко
Инструкции
  1. Загрејте го путерот во тава за готвење и испржете го сецканиот лук. Додадете го сецканиот домат и промешајте уште една минута. Додадете ја водата, црвената леќа и сите зачини, па варете 30 минути.
  2. Додадете хопла за готвење/кокосово млеко во чорбата, промешајте го со лажица и варете го уште 2 минути. Декорирајте со хопла за готвење/кокосово млеко и сецкан млад кромид. Задолжително послужете со кисели краставички.