Руски палачинки со сирење ??

Количина 10 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Руските палачинки со сирење наречени syrniki станаа мојот најнов омилен појадок, ужина, па дури и десерт. Заљубена сум во нив уште од првиот пат штом ги направив. И тоа ги прилагодив за да добијам здрава варијанта, и пак имаат совршен вкус!  Малку крцкаво однадвор и малку кремасто одвнатре. Мх! Ете идеја што да направите утре за појадок на вашите сакани! Уживајте и праќајте слики!

 

Состојки

0/7 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Земете сад и во него ставете ги урдата или сирењето, солта (ако користите солено сирење, не ставајте сол), црниот бибер, брашното, јајцата и млекото. Измешајте убаво и со тоа имате смеса за солени палачинки.
  • Загрејте тава за пржење со маслиново мало и со црпалка истурете смеса во тавчето која ќе биде доволна за една средна палачинка. Со обична лажица соберете од течноста доколку растекува на страна и соберете ја накај палачинката. Штом се запече од едната страна, превртете ја со шпатула и печете и од другата страна. Просечно се пржи 2-3 минути од страна. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите целата смеса.
  • Штом се готови сите палачинки, декорирајте и послужете. Јас декорирав со кисела павлака, млад кромид и доматче. Мх! Убавини!