Категорија: Вечера, Главни јадења, Морска храна, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
1 ч.
Вкупно време
1 ч. 20 мин.
Во текот на моето детство, секогаш уживав во мирисот и вкусот на овој оброк! Ова е еден од највкусните рецепти на мајка ми, па со нејзина дозвола решив да го направам и да го споделам со вас. Дома, секогаш го правевме со крап, но денес го правев со ослиќ поради фактот дека е помалку калоричен и поздрав. Но, сосот е ист! Сосот е магичен! Превкусен. Пробајте, нема да зажалите.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Компирите исецкајте ги на кругови и наредете ги во тава за печење. Посолете со сол или вегета и сува мајчина душица.
- Врз компирите наредете ги филетите риба, зачинети со истите зачини.
- Меѓу компирите турете 1/2 шолја вино, 1 лажица вода и ставете ја тавата да се пече со алуминиумска фолија. Печете 30 минути на 180 степени, па извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.
- Во меѓувреме, делумно сварете ги морковите исецкајте ги на ситни коцки. И киселите краставички исто исецкајте ги на ситни коцки. Сите заедно ставете ги во тава за пржење, без масло, неколку минути за да испари течноста.
- Додадете масло, додадете го лукчето и пропржете 10 минути. Додадете 1 шолја вино и оставете го сосот да се динста уште 10 минути. Растворете една и половина лажица интегрално брашно во остатокот вино и додадете го во сосот за да се згусне.
- При крај на печењето на рибата, додадете го сосот над компирите. Печете уште 10 минути и послужете.