Рецепт на мајка ми: Печена риба

Во текот на моето детство, секогаш уживав во мирисот и вкусот на овој оброк! Ова е еден од највкусните рецепти на мајка ми, па со нејзина дозвола решив да го направам и да го споделам со вас. Дома, секогаш го правевме со крап, но денес го правев со ослиќ поради фактот дека е помалку калоричен и поздрав. Но, сосот е ист! Сосот е магичен! Превкусен. Пробајте, нема да зажалите.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 80 мин.
Состојки
  • 6 филети риба ослиќ (чистени)
  • 4 компири (средна големина)
  • 6 моркови
  • 10 кисели краставички
  • 2 cup бело вино
  • 1 tsp сол
  • 1 tbsp сушена мајчина душица
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 чешне лук (сецкано)
  • 1.5 tbsp интегрално брашно
Инструкции
  1. Компирите исецкајте ги на кругови и наредете ги во тава за печење. Посолете со сол или вегета и сува мајчина душица.
  2. Врз компирите наредете ги филетите риба, зачинети со истите зачини.
  3. Меѓу компирите турете 1/2 шолја вино, 1 лажица вода и ставете ја тавата да се пече со алуминиумска фолија. Печете 30 минути на 180 степени, па извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.
  4. Во меѓувреме, делумно сварете ги морковите исецкајте ги на ситни коцки. И киселите краставички исто исецкајте ги на ситни коцки. Сите заедно ставете ги во тава за пржење, без масло, неколку минути за да испари течноста.
  5. Додадете масло, додадете го лукчето и пропржете 10 минути. Додадете 1 шолја вино и оставете го сосот да се динста уште 10 минути. Растворете една и половина лажица интегрално брашно во остатокот вино и додадете го во сосот за да се згусне.
  6. При крај на печењето на рибата, додадете го сосот над компирите. Печете уште 10 минути и послужете.