Категорија: Вечера, Главни јадења, Разно, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
Овозможете си ментален одмор на Хаваите додека уживате во ова пилешко маринирано во мешавина од ананас и некои други слатки и зачинети состојки. Вкусете го овој егзотичен деликатес што побрзо!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Пилешкото исецкајте го на коцки и зачинете го со со сол, соја сос, црвен пипер и малку масло. Оставете го да отстои 5 минути во таа маринада.
- На малку масло пропржете сецкан кромид, млад кромид и пиперки, па потоа додадете го пилешкото и динстајте додека не омекне и додека убаво не се пригови (15 минути).
- Додадете го сецканиот ананас и малку палента помешана со малку течност од ананасот. Препорачувам користење на свеж ананас поради тоа што тоа е поздрава верзија, но се прави и со ананас од конзерва.
- Додадете чили, мед и хопла и динстајте уште 10 минути на слаб оган. Комбинирајте со ориз или компири како прилог.