Пилешко Хаваи (со ананас)

Овозможете си ментален одмор на Хаваите додека уживате во ова пилешко маринирано во мешавина од ананас и некои други слатки и зачинети состојки. Вкусете го овој егзотичен деликатес што побрзо!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 500 g пилешко месо
  • 1/4 tsp сол
  • 2 tbsp соја сос
  • 1 tsp сушен благ црвен пипер
  • 1 кромид
  • 1 млад кромид
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 2 пиперки (црвена или зелена)
  • 1 свеж ананас (може и од конзерва иако со свеж е поздраво)
  • 1/3 чили (додадете повеќе ако сакате полуто)
  • 2 tsp мед (додадете повеќе ако сакате поблаго)
  • 100 ml хопла за готвење
  • 1 tsp палента
Инструкции
  1. Пилешкото исецкајте го на коцки и зачинете го со со сол, соја сос, црвен пипер и малку масло. Оставете го да отстои 5 минути во таа маринада.
  2. На малку масло пропржете сецкан кромид, млад кромид и пиперки, па потоа додадете го пилешкото и динстајте додека не омекне и додека убаво не се пригови (15 минути).
  3. Додадете го сецканиот ананас и малку палента помешана со малку течност од ананасот. Препорачувам користење на свеж ананас поради тоа што тоа е поздрава верзија, но се прави и со ананас од конзерва.
  4. Додадете чили, мед и хопла и динстајте уште 10 минути на слаб оган. Комбинирајте со ориз или компири како прилог.