Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
20 мин.
Овој појадок содржи здрави состојки и има импресивен изглед, па верувам дека ќе посакате да го имате што поскоро на вашата трпеза! Овој ролат е совршен начин да се направи лесен и брз појадок за целото семејство без да останете со часови покрај шпоретот. Исклучително сочен и вкусен, верувам дека овој ролат ќе биде вашиот избор за појадок во текот на претстојниот викенд 🙂
Состојки
Прилагоди број на порции
-
За омлетот
- За филот
Инструкции
- Изматете ги јајцата во сад, додадете го јогуртот и зачините, па промешајте ја смесата убаво.
- Истурете ја смесата во плех за печење со стандардни димензии на рерна во кој задолжително ќе поставите хартија за печење и печете 10-15 минути на 180 степени.
- Извадете го плехот и премачкајте го печениот омлет со сенф, па со павлака. Смесата убаво размачкајте ја со лажица.
- Поставете ситни парчиња марула врз омлетот, па ставете тенки парчиња домат. Посипете ги парчињата сирење (обично, моцарела или фета), па врз сето тоа посипете рендан пармезан.
- Со помош на хартијата за печење замотајте го омлетот во голем ролат, пресечете го на 4 дела и послужете.
- Моја препорака е задолжително да го направите омлетот со состојките за 4 лица доколку правите омлет во плех, па ако сте помалку од четворица за појадок - остатокот може да ви остане за следниот ден. Ако го правите омлетот во помала тава, може да прилагодите со помала количина на јајцата и другите состојки.