Печен ролат од омлет

Овој појадок содржи здрави состојки и има импресивен изглед, па верувам дека ќе посакате да го имате што поскоро на вашата трпеза! Овој ролат е совршен начин да се направи лесен и брз појадок за целото семејство без да останете со часови покрај шпоретот. Исклучително сочен и вкусен, верувам дека овој ролат ќе биде вашиот избор за појадок во текот на претстојниот викенд :)

Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
    За омлетот
  • 5 јајца
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tsp сушен босилек или оригано
  • 1 tsp буковец
  • 1 tsp сол
  • За филот
  • 50 g сенф
  • 100-150 g кисела павлака
  • 1 домат
  • 5 листови марула
  • 150-200 g рендано/сецкано сирење (обично, моцарела или фета)
  • 3 tbsp рендан пармезан
Инструкции
  1. Изматете ги јајцата во сад, додадете го јогуртот и зачините, па промешајте ја смесата убаво.
  2. Истурете ја смесата во плех за печење со стандардни димензии на рерна во кој задолжително ќе поставите хартија за печење и печете 10-15 минути на 180 степени.
  3. Извадете го плехот и премачкајте го печениот омлет со сенф, па со павлака. Смесата убаво размачкајте ја со лажица.
  4. Поставете ситни парчиња марула врз омлетот, па ставете тенки парчиња домат. Посипете ги парчињата сирење (обично, моцарела или фета), па врз сето тоа посипете рендан пармезан.
  5. Со помош на хартијата за печење замотајте го омлетот во голем ролат, пресечете го на 4 дела и послужете.
  6. Моја препорака е задолжително да го направите омлетот со состојките за 4 лица доколку правите омлет во плех, па ако сте помалку од четворица за појадок - остатокот може да ви остане за следниот ден. Ако го правите омлетот во помала тава, може да прилагодите со помала количина на јајцата и другите состојки.