Мексиканско Chili Con Carne 🇲🇽

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

„Chili Con Carne“. Три мали зборови кои опишуваат едно прекрасно јадење. Денес го носам овој мексикански специјалитет директно во вашата кујна! Може да го комбинирате со ориз или да го завиткате во тортилја со малку салата. Во секој случај – ќе го обожавате!

Состојки

0/13 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/2 Инструкции
  • Ставете ги сите зачини (освен чили зачинот) во месото и убаво промешајте. Во тава за готвење, пржете го исецканиот кромид додека не стане проѕирен. Додадете ги сецканите чешниња лук и грубо исецканата црвена пиперка. Додадете го и зачинетото месо, динстајте го во водата што ќе ја испушти се' додека не порумени и додадете го виното. Гответе го на средна температура додека виното целосно не испари (околу 20 минути трае цела процедура).
  • Додадете го црвениот грав, конзервираните домати, чили зачинот и пченката. Динстајте уште 10 минути. Послужете со ориз или завиткајте го овој специјалитет во тортилја.