Мексиканско Chili Con Carne 🇲🇽

„Chili Con Carne“. Три мали зборови кои опишуваат едно прекрасно јадење. Денес го носам овој мексикански специјалитет директно во вашата кујна! Може да го комбинирате со ориз или да го завиткате во тортилја со малку салата. Во секој случај - ќе го обожавате!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 350 g мелено телешко месо
  • 1 голема конзерва црвен грав
  • 1 средна конзерва со лупени домати
  • 1 мала конзерва со пченка
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 tsp чили во прав (ставете повеќе ако сакате полуто)
  • 1 црвена пиперка
  • 100 ml црвено вино
  • 1/3 tsp сол
  • 1/4 tsp црн бибер
  • 1/2 tsp коријандер во прав
  • 1 tbsp сецкан магдонос
Инструкции
  1. Ставете ги сите зачини (освен чили зачинот) во месото и убаво промешајте. Во тава за готвење, пржете го исецканиот кромид додека не стане проѕирен. Додадете ги сецканите чешниња лук и грубо исецканата црвена пиперка. Додадете го и зачинетото месо, динстајте го во водата што ќе ја испушти се' додека не порумени и додадете го виното. Гответе го на средна температура додека виното целосно не испари (околу 20 минути трае цела процедура).
  2. Додадете го црвениот грав, конзервираните домати, чили зачинот и пченката. Динстајте уште 10 минути. Послужете со ориз или завиткајте го овој специјалитет во тортилја.