Едноставно ја обожавам морската храна и фактот колку е вкусна, а здрава. Во случајов школките, тие се богати со протеини и имаат минимална количина на маснотии. Тоа значи дека ова е одлична вест за секој којшто е подложен на диета со ограничена калории, бидејќи потврдува дека е можно да уживате во возбудливи и здрави оброци, без да го жртвувате чувството на извонреден вкус. Тие се богати со цинк, железо и други минерали, витамини А и Б12. Како предлог за вашата љубов кон себе си, за овој викенд ви го предлагам овој вкусен рецепт, школки во сос. Магичниот сос се создава додека се готват самите школки, затоа што тие испуштаат многу вода. И не само обична вода, туку тоа е вкусна вода од морски плодови (поради неа не ви е потребна ниту сол). Слободно оставете ја водата малку да испари пред сервирање или уживајте во сосот од водата и останатите состојките наведени подолу. Јас веќе сум заљубена во оваа магија! И не заборавајте, послужете ја задолжително со чаша бело вино.
Состојки
Инструкции
- Најпрво на маслото запржете ги школките. Потоа додајте го лукчето, нека се запржи малку за да го пушти мирисот, па виното и лимонот исечен на парчиња, Посолете ако природната сол на школките не ви е доволна и оставете го сето тоа да издинста. На крајот додајте го магдоносот (сецкан).
- Јас додадов уште малку густо макало од лук за поголема густина на сосот и малку рузмарин, така што може да додадете и вие по желба.
- Уживајте со чаша бело вино во овој прекрасен оброк.