За денес ви приготвив еден од најстарите, највкусните и најздравите македонски специјалитети: качамак или бакардан. Ова јадење се приготвува многу лесно, а ќе ви треба само палента (или пченкарно брашно), грчки јогурт, путер, сирење и малку пршута по желба.
Пченкарното брашно има многу позитивно влијание на целокупното здравје на човекот, а најважната работа кај ова јадење е фактот што не содржи глутен и може да го консумира секој, без оглед на возраста.
Идеално е за мали бебиња, за луѓе кои водат сметка за килограмите или пак за оние кои имаат проблеми со системот за варење.
Палентата содржи доволно минерали, нутриенти и витамини за да може телото нормално да функционира.
Пченкарното брашно содржи низа хранливи состојки и е голем извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, има голема содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Состојки
Инструкции
- Истурете ја водата во тенџере, додадете малку сол и ставете ја да зоврие. Намалете ја температурата на минимум и додадете ја палентата. Повремено мешајте додека качамакот не се згусне (околу 10 минути).
- Додадете путер, сецкано сирење и пршута, добро промешајте и префрлете го качамакот во два посебни садови за печење (по можност мали и земјени). Потпечете го 10 минути на 200 степени. Послужете со грчки јогурт и сушен босилек.