Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Количина
1 Порција
Комплексност:Средна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
45 мин.
Дали сте подготвени за брза и лесна варијанта на омилената лазања? Пробајте го следниов рецепт.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Ставаме хартија во тава за печење и ставаме 4 половинки тортиљи, наредени така што формираат тло без пропусти.
- Премачкуваме со намаз од лук и ставаме црвен грав, моцарела, печурки, пченка и зачини врз намазот.
- Попрскуваме со доматно пире (размачкуваме со лажица) и редиме нови тортиљи. Постапката ја повторуваме сѐ до последниот ред тортиљи, над тој ред ставаме само прелив од газирана вода, маслиново масло и сушен магдонос.
- Печеме 20 минути на 180 степени, па ја вадиме тавата и ја премачкуваме со смеса од јајце, јогурт и доматно пире.
- Печеме уште 10 минути на температурата од 200 степени, ја вадиме тавата и над лазањата рендаме вкусно бело сирење.