Лазања од интегрални тортиљи ??

Дали сте подготвени за брза и лесна варијанта на омилената лазања? Пробајте го следниов рецепт.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 8 интегрални тортиљи (пресечени на половина)
  • 100 g пченка (конзерва)
  • 100 g црвен грав (конзерва)
  • 200 g доматно пире
  • 200 g моцарела
  • 150 g печурки
  • 100 g намаз од лук (по желба)
  • 30 ml газирана вода
  • 1 јајце
  • 1 tsp чили зачин
  • 1 tsp сушен магдонос
  • 1 парче обично сирење или моцарела
Инструкции
  1. Ставаме хартија во тава за печење и ставаме 4 половинки тортиљи, наредени така што формираат тло без пропусти.
  2. Премачкуваме со намаз од лук и ставаме црвен грав, моцарела, печурки, пченка и зачини врз намазот.
  3. Попрскуваме со доматно пире (размачкуваме со лажица) и редиме нови тортиљи. Постапката ја повторуваме сѐ до последниот ред тортиљи, над тој ред ставаме само прелив од газирана вода, маслиново масло и сушен магдонос.
  4. Печеме 20 минути на 180 степени, па ја вадиме тавата и ја премачкуваме со смеса од јајце, јогурт и доматно пире.
  5. Печеме уште 10 минути на температурата од 200 степени, ја вадиме тавата и над лазањата рендаме вкусно бело сирење.