Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Мезе и грицки, Прилози, Ручек, Ужина
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
40 мин.
Вкупно време
50 мин.
Веќе го знаете мојот рецепт за виџис компири, па еве уште еден рецепт, малку поинаков, но исто вкусен и крцкав. Секој од вас којшто досега не знаеше како да стане љубител на здравиот морков, еве ја вашата прилика! Направете си само здрави сосчиња за мацкање, на пример со лук и грчки јогурт или мед-сенф сос и уживајте во вашата следна и здрава филмска вечер!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Исечете моркови на тенки парчиња, слично на помфрит. Префрлете ги во голем сад, додадете ги сите други состојки и добро промешајте. Така зачинетите моркови префрлете ги во плех за печење врз кој претходно ќе поставите хартија. Печете 40 минути на 200 степени, по 20 минути од секоја страна.