Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Леб и пецива, Појадок, Разно, Ужина
Количина
6 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
45 мин.
Вкупно време
1 ч.
Е многу сакам интегрални ѓевречиња, идеални се за појадок и може да ги земете со вас и јадете каде што ќе посакате. За денес ви подготвив превкусна комбинација на овие ѓевреци, а тоа е со песто сос и со мини капрезе салата. Верувајте, многу вкусна комбинација! Ѓевреците може и да ги купите доколку се направени од исклучиво интегрално брашно, но може и да ги направите според моите инструкции. На здравје!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Песто сос
- Капрезе
- Ѓевреци
Инструкции
-
За ѓевреците
- Во сад измешајте ги сувите состојки (брашното и солта).
- Квасецот убаво измешајте го во млаката вода и веднаш додадете го на сувите состојки.
- Замесете го тестото. Во зависност од брашното, можеби ќе треба да додадете вода или уште малку брашно. Треба да добиете средно меко брашно, како за леб.
- Ставете во тенџере 1 литар вода и 2 лажици мед и оставете да се загрева.
- Додека да почне водата да врие, без претходно киснење, оформете ги ѓевречињата. Во вода што врие ставете ги ѓевречињата да се варат околу 3-4 минути.
- Извадете ги од водата и ставете ги на сува крпа да одморат околу минута-две, но не подолго. Ако ги оставите премногу долго, сусамот и овесот во кои ќе ги валате, нема доволно да се налепат.
- Сварените ѓевреци валајте ги во сусам и овес, па наредете ги во тава на хратија за печење.
- Печете на 200°Ц на средина на рерната, околу 40 минути, односно додека не станат крцкави. Внимавајте да не ги препечете, затоа што тестото од интегрално брашно нема иста структура додека е многу топло и кога ќе се подизлади. За песто сосот
- Сомелете ги индиските ореви. Додадете ги свежите листови босилек, пармезанот и 1 лажица маслиново масло и изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Додадете уште една лажица масло, па пак изблендирајте пак. Додадете ја и третата лажица масло, пак изблендирајте и со тоа вашиот песто сос е готов. Последна подготовка
- Секој ѓеврек пресечете го на половина и премачкајте ги двете половини со песто сос.
- Врз сосот наредете парчиња домати и парчиња моцарела, па завршете со уште малку песто сос за декорација.