Интегрални ѓевреци: Песто Капрезе

Е многу сакам интегрални ѓевречиња, идеални се за појадок и може да ги земете со вас и јадете каде што ќе посакате. За денес ви подготвив превкусна комбинација на овие ѓевреци, а тоа е со песто сос и со мини капрезе салата. Верувајте, многу вкусна комбинација! Ѓевреците може и да ги купите доколку се направени од исклучиво интегрално брашно, но може и да ги направите според моите инструкции. На здравје!
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 45 мин.
Вкупно време 60 мин.
Состојки
    Песто сос
  • 1 шолја свежи листови босилек
  • 2 чешниња лук (исцекани)
  • 50 g индиски ореви
  • 1/3 шолја рендан пармезан
  • 4 tbsp маслиново масло
  • Капрезе
  • 1 домат за секој ѓеврек (исецкан на тенки парчиња)
  • 8-10 парчиња моцарела за секој ѓеврек (ѓеврекот е пресечен на две половини)
  • Ѓевреци
  • 500 g интегрално брашно
  • 1 квасец
  • 1 шолја млака вода
  • 2.5 tbsp мед
  • 1 tsp сол
  • неколку tbsp сусам (за посипување)
  • 1 tbsp овес (за посипување)
Инструкции
    За ѓевреците
  1. Во сад измешајте ги сувите состојки (брашното и солта).
  2. Квасецот убаво измешајте го во млаката вода и веднаш додадете го на сувите состојки.
  3. Замесете го тестото. Во зависност од брашното, можеби ќе треба да додадете вода или уште малку брашно. Треба да добиете средно меко брашно, како за леб.
  4. Ставете во тенџере 1 литар вода и 2 лажици мед и оставете да се загрева.
  5. Додека да почне водата да врие, без претходно киснење, оформете ги ѓевречињата. Во вода што врие ставете ги ѓевречињата да се варат околу 3-4 минути.
  6. Извадете ги од водата и ставете ги на сува крпа да одморат околу минута-две, но не подолго. Ако ги оставите премногу долго, сусамот и овесот во кои ќе ги валате, нема доволно да се налепат.
  7. Сварените ѓевреци валајте ги во сусам и овес, па наредете ги во тава на хратија за печење.
  8. Печете на 200°Ц на средина на рерната, околу 40 минути, односно додека не станат крцкави. Внимавајте да не ги препечете, затоа што тестото од интегрално брашно нема иста структура додека е многу топло и кога ќе се подизлади.
  9. За песто сосот
  10. Сомелете ги индиските ореви. Додадете ги свежите листови босилек, пармезанот и 1 лажица маслиново масло и изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Додадете уште една лажица масло, па пак изблендирајте пак. Додадете ја и третата лажица масло, пак изблендирајте и со тоа вашиот песто сос е готов.
  11. Последна подготовка
  12. Секој ѓеврек пресечете го на половина и премачкајте ги двете половини со песто сос.
  13. Врз сосот наредете парчиња домати и парчиња моцарела, па завршете со уште малку песто сос за декорација.