Nasi Kunyit е ориз приготвен со куркума и некои други феноменални состојки. „Kunyit“ е индонезискиот збор за куркума, додека„Nasi“ значи ориз). Овој жолт ориз претставува познато индонезиско јадење кое во тамошните земји се служи за време на разни прослави, свадби и други специјални прилики (замислете, го послужуваат дури и за првата полна месечина на новороденчињата!). Тие велат дека ваквиот приготвен ориз е златен ориз поради жолтата боја и го послужуваат за време на наведените настани за да симболизира богатство, благосостојба и достоинство. Погледнете го овој рецепт и направете го кога веќе имате прилика да се чувствувате специјално и во обичен ден! Овој оброк е навистина злато! Особено ако го подготвите во комбинација со пилешко, како што направив јас во овој рецепт. На здравје!
Состојки
-
Месо
- Ориз
Инструкции
- Исецкајте ги пилешките отворени батаци на мали парчиња и зачинете ги со сол и сушен босилек. Попрскајте ги со малку маслиново масло и ставете ги да се печат во рерна на 200 степени, 30 минути. Штом се готови, тргнете ги на страна.
- Во меѓувреме ставете го оризот во друга тава и запржете го на кратко во маслиново масло. Додадете сушен босилек, шолја вода, вегета или коцка зеленчукова супа, сварени зрна грашок (или грашок од конзерва), куркума и кари.
- Промешајте убаво и ставете ја тавата во рерна да се печи 30 минути на 180 степени.
- Штом е готов оризот, врз него наредете ги печените парчиња месо и послужете.