Здрава касерола со киноа

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 15 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 40 мин.

Денес ви претставувам еден брз и вкусен оброк, кој може да се користи во било кој ден од денот (појадок, ручек или вечера). Нутритивно богат, а воедно екстра лесен за варење и што е најважно: ултра вкусен. Пробајте ја уште денес оваа касерола, верувајте ќе се изненадите од одличниот вкус.

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Исплакнете ја киноата под ладна вода, Исплакнетата киноа ставете ја во средно тенџере, додадете вода, 1/2 лажичка сол и гответе додека водата не зоврие. Намалете ја температурата, покријте го тенџерето со капак и оставете да се готви околу 15 минути. На крај, оставете го тенџерето со киноата да отстои на страна, покриено, околу 5 минути.
  • Во меѓувреме, пропржете го кромидот во маслиново масло додека не стане проѕирен.
  • Загрејте ја рерната на 180C.
  • Во сад, измешајте ги заедно: туната, варената киноа, сецканиот и пропржен кромид, хоплата за готвење, зеленчук и зачините. Можете да додадете и малку брокула ако сакате.
  • Префрлете ја цела смеса во средна тава за печење. Посипете со рендана моцарела и печете 25 минути, сè додека не добиете златна боја на касеролата.