Здрава касерола со киноа

Денес ви претставувам еден брз и вкусен оброк, кој може да се користи во било кој ден од денот (појадок, ручек или вечера). Нутритивно богат, а воедно екстра лесен за варење и што е најважно: ултра вкусен. Пробајте ја уште денес оваа касерола, верувајте ќе се изненадите од одличниот вкус.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 25 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 2/3 шолја киноа (неварена)
  • 1 конзерва туна
  • 1 коцка супа од зеленчук (растворена во 1/3 топла вода)
  • 2/3 шолја хопла за готвење или грчки јогурт
  • 1 кромид (сецкан)
  • 1/4 tsp црн бибер
  • 1/3 tsp сол
  • 1/2 tsp лук во прав
  • 1 tsp сушен босилек или оригано
  • 150 g моцарела
Инструкции
  1. Исплакнете ја киноата под ладна вода, Исплакнетата киноа ставете ја во средно тенџере, додадете вода, 1/2 лажичка сол и гответе додека водата не зоврие. Намалете ја температурата, покријте го тенџерето со капак и оставете да се готви околу 15 минути. На крај, оставете го тенџерето со киноата да отстои на страна, покриено, околу 5 минути.
  2. Во меѓувреме, пропржете го кромидот во маслиново масло додека не стане проѕирен.
  3. Загрејте ја рерната на 180C.
  4. Во сад, измешајте ги заедно: туната, варената киноа, сецканиот и пропржен кромид, хоплата за готвење, зеленчук и зачините. Можете да додадете и малку брокула ако сакате.
  5. Префрлете ја цела смеса во средна тава за печење. Посипете со рендана моцарела и печете 25 минути, сè додека не добиете златна боја на касеролата.