Категорија: Вечера, Главни јадења, Разно, Ручек, Ужина
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
45 мин.
Овие здрави и крцкави нагетси од пилешко месо се прекриени со крцкав корнфлекс наместо брашно/лебни трошки и наместо да се пржат, тие се печат. Всушност, воопшто не користам масло! Потребни ви се само неколку состојки за да ги направите совршени, заедно со 3 здрави сосови (за кои исто така го споделувам рецептот со вас), па сега можете да ја направите овој превкусен ручек за вас и вашето семејство! А може да послужат и како закуска со некој добар филм. На здравје!
Состојки
Прилагоди број на порции
- Црвен сос
- Бел сос
- Сос од мед и сенф
Инструкции
- Пилешкото исецкајте го на крупни коцки и ставете го во чинија. Посипете го со наведените зачини, измешајте го и оставете го да отстои 5 минути.
- На голем плех ставете хартија за печење и врз неа редете ги парчињата месо претходно извалани во млеко, па во кршен корнфлекс (јас половина од количината на потребен корнфлекс ја процесирам ситно во блендер, а другата половина ја процесирам исто во блендер, но со едно кратко пулсирање, колку да се раскрши. Потоа ги мешам заедно во иста чинија).
- Печете 30 минути на 200 степени. Превртете ги нагетсите барем еднаш во текот на печењето.
- Сосовите се прават преку мешање на наведените состојки за секој сос.
- Послужете ги нагетсите како ручек или како закуска со добар филм.