Здрав и крцкав пилешки нагетс

Овие здрави и крцкави нагетси од пилешко месо се прекриени со крцкав корнфлекс наместо брашно/лебни трошки и наместо да се пржат, тие се печат. Всушност, воопшто не користам масло! Потребни ви се само неколку состојки за да ги направите совршени, заедно со 3 здрави сосови (за кои исто така го споделувам рецептот со вас), па сега можете да ја направите овој превкусен ручек за вас и вашето семејство! А може да послужат и како закуска со некој добар филм. На здравје!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 600 g пилешки стек
  • 1 tsp чили зачин
  • 1 tsp сол
  • 1/2 tsp црн бибер
  • 1 tsp црвен пипер
  • 1 tsp лук во прав
  • 1 чинија кршен корнфлекс (кршен во блендер)
  • 1 чинија со растително млеко (јас користам оризово млеко)
  • Црвен сос
  • 5 tbsp доматно пире
  • 1/2 tsp чили зачин
  • Бел сос
  • 5 tbsp павлака
  • 1/2 tsp лук во прав
  • Сос од мед и сенф
  • 3 tbsp сенф
  • 2 tbsp мед
  • 1 tbsp сусам
Инструкции
  1. Пилешкото исецкајте го на крупни коцки и ставете го во чинија. Посипете го со наведените зачини, измешајте го и оставете го да отстои 5 минути.
  2. На голем плех ставете хартија за печење и врз неа редете ги парчињата месо претходно извалани во млеко, па во кршен корнфлекс (јас половина од количината на потребен корнфлекс ја процесирам ситно во блендер, а другата половина ја процесирам исто во блендер, но со едно кратко пулсирање, колку да се раскрши. Потоа ги мешам заедно во иста чинија).
  3. Печете 30 минути на 200 степени. Превртете ги нагетсите барем еднаш во текот на печењето.
  4. Сосовите се прават преку мешање на наведените состојки за секој сос.
  5. Послужете ги нагетсите како ручек или како закуска со добар филм.