Зачинет и жежок сок од портокал

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 15 мин.

Во еден од изминатите денови, јас и моето момче се вративме од планинарење, целите такви среќни и уморни, но и по малку измрзнати, па тој доби една генијална идеја: да проба да направи топол сок од портокал за двајцата штом се вратиме дома, да ни биде слатко, а воедно и што побрзо да се згрееме. Јас не препрашав двапати, самата помисла на нешто такво ми се виде совршена! Го замислувавме слично на познатото варено вино што се служи на божиќните пазари ширум светот, но овој напиток е можеби дури и подобар, а секако е поздрав. Го направивме и ни се допадна толку многу што моравме да го споделиме со вас! Послужете го овој вкусен пијалок како здрав, comforting пијалок во идните студени ноќи, после некоја интензивна физичка активност наместо чај или како дел од вашиот здрав појадок. И плус, здрав е и за деца. На здравје!

Состојки

0/3 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/1 Инструкции
  • Истурете го свежо исцедениот сок од портокал во малечко тенџере, додадете го медот и стапчето цимет. Загрејте ја течноста се додека не стане жешка како чај. Префрлете го сокот во шолји и уживајте!