Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Прилози, Разно, Ручек
Cuisine: Македонска
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 25 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
35 мин.
Ви претставувам уште еден начин за подготовка на превкусни компири, а тоа е добро познатиот македонски рестован компир. Ова е само дел од мојата намера да ве убедам да ја отфрлите навиката за конзумирање на пржен помфрит, така што бидете подготвени, ќе споделам со вас уште многу начини за здрава подготовка на компири. Моја топла препорака е, кога ќе биде готов, врз рестованиот компир да ставите неколку парчиња моцарела и да ги ставите во микробранова за да може моцарелата да се растопи. Thank me later.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Земете сад за готвење и варете ги компирите со лушпа.
- Извадете ги компирите, излупете и исецкајте ги на коцки.
- Ставете ги во тава за пржење со маслиново масло, ставете ги зачините и пропржете ги кратко (околу 10 минути) колку да се залепат зачините на нив и малку да подзагорат. Можете да додадете и чили зачин ако сакате луто и исто така можете да изгмечете некој од компирите доколку сакате. Убаво измешајте и послужете.
- Препорачувам да ставите врз готовите компири неколку парчиња моцарела и да ги ставите на кратко во микробранова печка со цел моцарелата да се растопи врз нив. Уживајте во совршениот вкус.