Јајца со моцарела

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 20 мин.

Дозволете ми да го претворам појадокот во ваш омилен оброк, како што и треба да биде за да имате здрав живот! Јајцата со својата едноставност и многубројните можности за варијации претставуваат одличен појадок. Јас ќе направам многу вкусни рецепти за појадок со јајца, со детално објаснета постапка за приготвување и со едноставни состојки, така што вашиот појадок веќе никогаш нема да биде ист! Јајцата ве држат сити подолго време, а со тоа конзумирате помалку калории од вообичаеното за време на ручекот. Погледнете како да ги направите овие јајца на око со моцарела!

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Земете две чинии и обложете ги со листови марула, а врз нив ставете парчиња моцарела. Обидете се да ги поставите парчињата моцарела што порамно за да може убаво да ги поставите јајцата врз нив.
  • Испржете ги јајцата на малку маслиново масло со малку сол (јас ги пржам едно по едно) и како што се готови редете ги врз моцарелата. Ставете по две јајца во чинија. Врз чиниите ставете алуминимуска фолија за да не се ладат готовите јајца додека ги правите другите, а и да може моцарелата да се стопи поради топлината.
  • Штом јајцата се готови, зачинете ги со нане, чили и буковец. На здравје!