Јајца со моцарела

Дозволете ми да го претворам појадокот во ваш омилен оброк, како што и треба да биде за да имате здрав живот! Јајцата со својата едноставност и многубројните можности за варијации претставуваат одличен појадок. Јас ќе направам многу вкусни рецепти за појадок со јајца, со детално објаснета постапка за приготвување и со едноставни состојки, така што вашиот појадок веќе никогаш нема да биде ист! Јајцата ве држат сити подолго време, а со тоа конзумирате помалку калории од вообичаеното за време на ручекот. Погледнете како да ги направите овие јајца на око со моцарела!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 250 g моцарела
  • 4 јајца
  • 1 tsp сол
  • 1 tsp сушено нане
  • 1 tsp чили зачин
  • 1 tsp буковец
  • 10 листови марула
  • 2 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Земете две чинии и обложете ги со листови марула, а врз нив ставете парчиња моцарела. Обидете се да ги поставите парчињата моцарела што порамно за да може убаво да ги поставите јајцата врз нив.
  2. Испржете ги јајцата на малку маслиново масло со малку сол (јас ги пржам едно по едно) и како што се готови редете ги врз моцарелата. Ставете по две јајца во чинија. Врз чиниите ставете алуминимуска фолија за да не се ладат готовите јајца додека ги правите другите, а и да може моцарелата да се стопи поради топлината.
  3. Штом јајцата се готови, зачинете ги со нане, чили и буковец. На здравје!