Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
30 мин.
Зачинет праз врз путер и сето тоа со неколку јајца … Нема да верувате во неверојатниот вкус на ова јадење. А зошто е здраво? Прочитајте подолу.
Празот е одличен извор на витамини А, Ц и К (важен е за превенција при згрутчување на крвта). Исто така содржи минерали како што се железото (што е важно за црвените крвни зрнца) и манган (вклучен во регулирањето на работата на мозокот и нервите). Празот е и добар извор на диетални влакна, така што овој оброл ќе ве држи сити подолго време, а истовремено ќе ви обезбеди најголем дел од вашата дневна доза со хранливи материи.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Исецкајте го празот, пршутата и младиот кромид и гответе ги во тава врз растопен путер се' додека не омекнат, на средна температура. Додадете ги зачините и добро промешајте.
- Направете четири вдлабнатини врз празот и истурете го секое од јајцата во нив. Покријте ја тавата со капак или со друга тава и оставете ги јајцата да се готват на пареата што се создава околу 10 минути на слаб оган. На здравје!