Јајца во италијански стил

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 20 мин.

Ова е само уште еден вид на едноставно приготвени јајца за појадок, кои со мали додатоци лесно добиваат италијански акцент. Какви се при дегустација? Апсолутно вкусни! Се служат на леб со сирење и лук, но имам за вас малку поинтересна, побрза и поздрава верзија без леб, а со истите вкусни состојки 🙂 На здравје!

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Растопете го путерот и измешајте го со макалото од лук и магдоносот. Половина од оваа смеса нанесете ја врз тортиљата, додадете го сирењето и преклопете ја. Запечете ја во микробранова печка до 4 минути, или додека не стане крцкава. Остатокот од смесата со лук ќе го премачкате врз преклопената и запечена тортиља.
  • Во меѓувреме, изматете ги јајцата, додадете го исецканиот босилек во садот со јајца, како и пармезанот. Пригответе ги во тава за пржење, со повремено мешање со помош на дрвена шпатула.
  • Штом тортиљата со лук и сирење е готова и премачкана со остатокот од смесата со лук и путер, пресечете ја на половина и истурете ги изматените јајца врз неа. Јас додадов и исецкана рукола и малку рендана моцарела за уште подобар изглед и вкус. На здравје!