Ви ја претставувам популарната француска салата Никозија. На француски јазик се изговара: [niˈswaz], во случај ако ја нарачате во некој ресторан во Франција. И by the way, добар ти е францускиот акцент. 🙂 Тоа е салата којашто потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави од мали компири, чери или обични домати, тврдо варени јајца, маслинки, туна, зелен грав или млад кромид и се служи со посебен сос од мајчина душица. Згора на тоа, сите овие состојки се здрави! Може да се јаде за појадок, ручек или вечера, вие изберете си период и количина на состојки. Јас можам да ви кажам само дека комбинацијата е изненадувачки многу вкусна и мора да ја пробате што е можно поскоро! Уште еднаш овој оброк ни докажува дека француските готвачи навистина знаат да ја работат својата работа и да создаваат врвни деликатеси.
Состојки
-
Салата
- Дресинг
Инструкции
- Ставете ги јајцата и компирите да се варат во еден сад и започнете да го правите дресингот во друг.
- Пригответе го дресингот со тоа што ќе ги ставите сите состојки во сад за матење (сол, црн бибер, сенф, маслиново масло, мед, оцет, мајчина душица). Матете брзо со лажица или миксер со средна јачина. Штом смесата стане хомогена, вашиот дресинг е готов.
- Сварените компири и јајца поставете ги врз листовите марула заедно со доматите, туната, маслинките и младиот кромид. Ставете малку сол врз целата салата и посипете со дресинг. На здравје!