Француска кујна: салата Никозија ??

Ви ја претставувам популарната француска салата Никозија. На француски јазик се изговара: ​[niˈswaz], во случај ако ја нарачате во некој ресторан во Франција. И by the way, добар ти е францускиот акцент. :) Тоа е салата којашто потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави од мали компири, чери или обични домати, тврдо варени јајца, маслинки, туна, зелен грав или млад кромид и се служи со посебен сос од мајчина душица. Згора на тоа, сите овие состојки се здрави! Може да се јаде за појадок, ручек или вечера, вие изберете си период и количина на состојки. Јас можам да ви кажам само дека комбинацијата е изненадувачки многу вкусна и мора да ја пробате што е можно поскоро! Уште еднаш овој оброк ни докажува дека француските готвачи навистина знаат да ја работат својата работа и да создаваат врвни деликатеси.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
    Салата
  • 6 или повеќе листови марула
  • 2-3 мали компири (варени и пресечени на половина)
  • 2 јајца (варени и пресечени на половина)
  • неколку маслинки
  • неколку чери домати (може да користите и обични, само исецкајте ги на мали парчиња)
  • 1/2 конзерва туна (јас користам конзерва туна во вода)
  • 1 млад кромид (сецкан на мали пачиња)
  • Дресинг
  • 2 tbsp сенф (јас користам Dijon)
  • 1 tbsp оцет (вински или јаболков)
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tbsp мед
  • 1/2 tsp сол
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tbsp мајчина душица (сушена или свежа)
Инструкции
  1. Ставете ги јајцата и компирите да се варат во еден сад и започнете да го правите дресингот во друг.
  2. Пригответе го дресингот со тоа што ќе ги ставите сите состојки во сад за матење (сол, црн бибер, сенф, маслиново масло, мед, оцет, мајчина душица). Матете брзо со лажица или миксер со средна јачина. Штом смесата стане хомогена, вашиот дресинг е готов.
  3. Сварените компири и јајца поставете ги врз листовите марула заедно со доматите, туната, маслинките и младиот кромид. Ставете малку сол врз целата салата и посипете со дресинг. На здравје!