Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Азиска
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
35 мин.
Вкупно време
55 мин.
Според резултатите од анкетата што вчера ја објавив на story, увидов дека и вие сте добиле желба за некој специјалитет од азиската кујна. Ви претставувам еден извонреден тајландски рецепт, именуван како пилешко во сос од кикирики. Има егзотичен вкус и совршено одговара со прилог од компири или ориз. На здравје!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Пилешкото месо исецкајте го на коцки и ставете го во сад. Додадете сол, црн бибер и 1 лажица маслиново масло. Мешајте со лажица и оставете го месото да отстои 20 минути.
- Во загреана тава додадете го маринираното пилешко и пропржете го во времетраење од 5 минути на висока температура. Намалете ја температурата и додадете коцка пилешка супа растворена во топла вода. Динстајте 25 минути на средна температура или додека речиси цела течност не испари.
- Во меѓувреме, изматете ги стопениот путер од кикирики, медот, соја сосот и сокот од лимон во посебен сад, со помош ма жица за матење или виљушка. Додадете го кокосовото млеко или хоплата за готвење, добро промешајте и истурете ја смесата во тавата со месо. Промешајте и гответе уште 10 минути.
- За декорација додадете сецкани кикирики и сецкан магдонос/босилек. Послужете го специјалитетот со компири или ориз како гарнир.