Смути Предизвик Ден 4: Жолто смути

Количина 1 Порција Подготовка: 5 мин. Готвење: 5 мин. Вкупно време 10 мин.

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 4 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам Жолто смути поради жолтата боја, а го сакам поради тоа што ме потсетува на лето и сонце! Плус, содржи овошје коешто го имаме токму во овој период. Згора на тоа, има и антиинфламаторно дејство поради куркумата којашто ја содржи, а знаеме колку е важно баш во овој период да се обидеме да го зајакнеме нашиот имунитет најмногу што може. Јас ги користев следниве состојки: замрзнат спанаќ, кајсија, праска, морков, банана, кефир, чиа семе, мед и куркума. На здравје!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/1 Инструкции
  • Соединете ги сите состојки во блендер, префрлете ја течноста во чаша или чинија и уживајте!