Смути Предизвик Ден 4: Жолто смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 4 од Смути Предизвикот на Bet You're Hungry! Ќе го наречам Жолто смути поради жолтата боја, а го сакам поради тоа што ме потсетува на лето и сонце! Плус, содржи овошје коешто го имаме токму во овој период. Згора на тоа, има и антиинфламаторно дејство поради куркумата којашто ја содржи, а знаеме колку е важно баш во овој период да се обидеме да го зајакнеме нашиот имунитет најмногу што може. Јас ги користев следниве состојки: замрзнат спанаќ, кајсија, праска, морков, банана, кефир, чиа семе, мед и куркума. На здравје!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 1 полна рака спанаќ
  • 2 моркови
  • 2 кајсии
  • 1 праска
  • 1/2 банана
  • 1 tbsp чиа семе
  • 1 tbsp мед
  • 1 шолја кефир
  • 1 tsp куркума
Инструкции
  1. Соединете ги сите состојки во блендер, префрлете ја течноста во чаша или чинија и уживајте!