Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Мексиканска
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
50 мин.
Слатките компири се хранливи, богати со растителни влакна и многу вкусни. Може да се јадат варени, печени или пржени. На пример, следниот рецепт ќе ви овозможи одличен извор на бета-каротин, витамин Ц и калиум. Исто така, со овој оброк ќе внесете и многу други витамини и минерали. Па, што чекаме?
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Potatoes
- Chili Guacamole
Инструкции
- Компирите убаво се мијат со вода и се ставаат на плех за печење.
- Се посипуваат со масло и сол, а потоа убаво се размачкуваат по целата површина. Се бодат со виљушка на неколку места па се ставаат да се печат во загреана рерна на 190 степени.
- Во меѓувреме, го сецкаме авокадото и го гмечиме или блендираме за да добиеме густа смеса. Ги додаваме лукот, сецканите домати и зачините.
- Смесата убаво ја мешаме и со неа ги премачкуваме испечените компири, кои по вадењето од рерна ги расекуваме во должина.
- Посипуваме со рендан кашкавал и босилек, па оставаме да се допечат во рерна уште 5 минути.