Сладок компир со сос чили гвакамоле ??

Слатките компири се хранливи, богати со растителни влакна и многу вкусни. Може да се јадат варени, печени или пржени. На пример, следниот рецепт ќе ви овозможи одличен извор на бета-каротин, витамин Ц и калиум. Исто така, со овој оброк ќе внесете и многу други витамини и минерали. Па, што чекаме?
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
    Potatoes
  • 6 слатки компири со средна величина
  • 1 tsp сушен босилек
  • 1 tsp salt
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 200 g моцарела или тофу
  • Chili Guacamole
  • 2 авокада
  • 2 домати
  • 1 tsp оригано
  • 1 tsp чили зачин
  • 1/2 сецкано чешне лук
Инструкции
  1. Компирите убаво се мијат со вода и се ставаат на плех за печење.
  2. Се посипуваат со масло и сол, а потоа убаво се размачкуваат по целата површина. Се бодат со виљушка на неколку места па се ставаат да се печат во загреана рерна на 190 степени.
  3. Во меѓувреме, го сецкаме авокадото и го гмечиме или блендираме за да добиеме густа смеса. Ги додаваме лукот, сецканите домати и зачините.
  4. Смесата убаво ја мешаме и со неа ги премачкуваме испечените компири, кои по вадењето од рерна ги расекуваме во должина.
  5. Посипуваме со рендан кашкавал и босилек, па оставаме да се допечат во рерна уште 5 минути.