Појадок со љубов ❤️

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 15 мин.

Малите ситници го прават животот убав. Не знам колку често правите мали и слатки гестови за вашите најмили, но таа навика е нешто кое го прави животот уникатен, совршен и единствен. Само изберете некој ден, било кој, најобичен ден. Направете појадок полн со љубов за вашиот партнер, родител, брат, сестра, дете, пријател… Направете си појадок со љубов и сами на себе. Не ви треба ништо повеќе од желба.

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Земете фолија, свиткајте ја неколку пати во должина се со цел да добиете долго парче во вид на танок линијар (долго околу 35 цм, широко 1-1.5 цм). Превиткајте ја на половина и заоблете ги краевите за да добиете форма на срце. Заоблените делови од срцето спојте ги еден до друг и прицврстете ги со друго мало парченце фолија. Со ова вашиот калап за јајца во вид на срце е спремен.
  • Испржете ги јајцата во калапот, посипете ги со сув зачин по избор и сол, а во меѓувреме ставете путер и моцарела на тостирани интегрални лепчиња и ставете ги во микробранова за да се растопи моцарелата. Декорирајте ги со рукола.
  • Послужете со свеж домат и парчиња моцарела.