Категорија: Вечера, Главни јадења, Разно, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 40 мин.
Готвење:
15 мин.
Вкупно време
55 мин.
Оваа пита е мојот автентичен изум што започна како обид да направам нешто обично од состојките кои ги имав, но излезе како нешто коешто МОРА да го пробате! Оваа пита е многу дигестивно лесна, а лесна е и за правење. Згора на тоа има и фантастичен вкус ! Целата е кремаста и со вкус на сирење! Мх! Пробајте ја, па споделете со мене дали ви се допаѓа.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Cварете те ги копаните во тенџере со сол. Штом се готови извадете им ја кожата, а белото месо убаво искинете го на парченца.
- Пропржете го спанаќот во тава за пржење, на маслиново масло околу 10 минути. Додадете го пилешкото, 4 лажици од хоплата за готвење и раздробеното сирење (2/3 од сирењето). Мешајте додека сирењето не се растопи и соедини во хоплата. Со оваа смеса ќе ги полнете интегралните тортиљи.
- Земајте тортиља по тортиља, сечете ја секоја надолжно на три парчиња. На секое парче во средината ставете му од смесата, па поклопете го со непремачканите страни. Може и прво да ставите смеса во средината на цела тортиља, да поклопите со премачканите страни, па да ја пресечите полната тортиља на три дела. Тоа останува на вас, видете како ви е попрактично.
- Наредете ги свитканите парчиња тортиљи во тава со хартија за печење (јас не пазев на редослед).
- Во друга тава на тивок оган загрејте го остатокот од хоплата, и штом се загрее ставете ја последната 1/3 од сирењето да се растопи и сушен магдонос.
- Врз тавата со тортиљи истурете 2 матени јајца и врз нив истурете го сосот од сирење. Печете 15 минути на 190 степени.