Пита со спанаќ и пилешко

Оваа пита е мојот автентичен изум што започна како обид да направам нешто обично од состојките кои ги имав, но излезе како нешто коешто МОРА да го пробате! Оваа пита е многу дигестивно лесна, а лесна е и за правење. Згора на тоа има и фантастичен вкус ! Целата е кремаста и со вкус на сирење! Мх! Пробајте ја, па споделете со мене дали ви се допаѓа.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 40 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 55 мин.
Состојки
  • 8 интегрални тортиљи (Јас користев хељдини, пресечени на 3 дела во должина)
  • 400 g спанаќ (свеж или одмрзнат)
  • 4 копани со надкопан
  • 250 g сино сирење (ако немате сино сирење, користете обично сирење)
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tsp сол (за копаните)
  • 250 g хопла за готвење
  • 1 tsp сушен магдонос (ако немате, ставете оригано или босилек)
  • 2 јајца
Инструкции
  1. Cварете те ги копаните во тенџере со сол. Штом се готови извадете им ја кожата, а белото месо убаво искинете го на парченца.
  2. Пропржете го спанаќот во тава за пржење, на маслиново масло околу 10 минути. Додадете го пилешкото, 4 лажици од хоплата за готвење и раздробеното сирење (2/3 од сирењето). Мешајте додека сирењето не се растопи и соедини во хоплата. Со оваа смеса ќе ги полнете интегралните тортиљи.
  3. Земајте тортиља по тортиља, сечете ја секоја надолжно на три парчиња. На секое парче во средината ставете му од смесата, па поклопете го со непремачканите страни. Може и прво да ставите смеса во средината на цела тортиља, да поклопите со премачканите страни, па да ја пресечите полната тортиља на три дела. Тоа останува на вас, видете како ви е попрактично.
  4. Наредете ги свитканите парчиња тортиљи во тава со хартија за печење (јас не пазев на редослед).
  5. Во друга тава на тивок оган загрејте го остатокот од хоплата, и штом се загрее ставете ја последната 1/3 од сирењето да се растопи и сушен магдонос.
  6. Врз тавата со тортиљи истурете 2 матени јајца и врз нив истурете го сосот од сирење. Печете 15 минути на 190 степени.