Полнети компири со сино сирење

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 40 мин. Вкупно време 50 мин.

Обожавам компири во секоја форма и верувале или не, заклучив дека највкусните компири се подготвени на наједноставен начин и тоа за мене е фасцинантно! Имајте го предвид овој здрав оброк за вашиот следен ручек! Комбинирајте ги компирите со зеленчук или пилешки ражничи.

Состојки

0/6 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Компирите убаво измијте ги, премачкајте ги со маслиново масло од сите страни, втријте им малку сол и наредете ги на плех за печење со поставена хартија (не ги лупете).
  • Избодете ги компирите со виљушка и печете 30-40 минути на 190 степени. Проверувајте со чечкалица дали се готови.
  • Во меѓувреме запржете ги печурките со малку сол. Штом се готови, додадете ја хоплата во тавата со печурките и гответе на тивок оган. Додадете го и синото сирење, па штом се растопи убаво, сосот за полнење на компирите е готов.
  • Извадете ги компирите од рерна и оставете ги на кратко да се изладат. Пресечете мал дел од секој компир хоризонтално за да добиете отворен компир кој можете да го длабите.
  • Издлабете го секој компир и наполнете го со сос. Внатрешноста од компирот која остана при длабењето може да ја соедините со сосот, или па може да ја искористите за друг оброк.
  • Моите ражничи јас ги печев на ист плех заедно со компирите. На здравје!