Полнети компири со сино сирење

Обожавам компири во секоја форма и верувале или не, заклучив дека највкусните компири се подготвени на наједноставен начин и тоа за мене е фасцинантно! Имајте го предвид овој здрав оброк за вашиот следен ручек! Комбинирајте ги компирите со зеленчук или пилешки ражничи.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
  • 4 големи компири
  • 1 шолја хопла за готвење
  • 2 парчиња сино сирење
  • 200 g печурки
  • 1/4 tsp сол
  • 2 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Компирите убаво измијте ги, премачкајте ги со маслиново масло од сите страни, втријте им малку сол и наредете ги на плех за печење со поставена хартија (не ги лупете).
  2. Избодете ги компирите со виљушка и печете 30-40 минути на 190 степени. Проверувајте со чечкалица дали се готови.
  3. Во меѓувреме запржете ги печурките со малку сол. Штом се готови, додадете ја хоплата во тавата со печурките и гответе на тивок оган. Додадете го и синото сирење, па штом се растопи убаво, сосот за полнење на компирите е готов.
  4. Извадете ги компирите од рерна и оставете ги на кратко да се изладат. Пресечете мал дел од секој компир хоризонтално за да добиете отворен компир кој можете да го длабите.
  5. Издлабете го секој компир и наполнете го со сос. Внатрешноста од компирот која остана при длабењето може да ја соедините со сосот, или па може да ја искористите за друг оброк.
  6. Моите ражничи јас ги печев на ист плех заедно со компирите. На здравје!