Категорија: Вегетаријанска храна, Леб и пецива, Појадок, Разно
Количина
2 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 30 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
50 мин.
Овој вид на лесни овесни лепчиња имаат прекрасен вкус, одлично заситуваат и имаат само две главни состојки, а брашното не е ниту една од нив. Можете да направите четири лепчиња со средна големина, или две поголеми (во зависност од тавата што ќе ја користите). Јас избрав да направам неколку помали лепчиња затоа што ми беше полесно да ги превртувам во текот на подготовката. Можете да поставите 1 големо лепче или 3-4 помали долж некој долгнавест сад и да ги посипете со состојките кои ги наведов во самиот рецепт. Дефинитивно, ова е еден од најдобрите појадоци кои сум ги припремила!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Лепчиња
- Зелен сос
- Додатоци
Инструкции
-
Flatbreads
- Направете брашно од овес со процесирање на овесните снегулки во блендер или во процесор за храна. Можете да додадете малку пченкарен скроб за да го направите брашното малку помеко за месење.
- Измешајте го овесното брашно, прашокот за пециво и солта во посебен сад.
- Додадете го јогуртот (павлаката) и мешајте додека не се соединат состојките во леплива топка. Покријте со најлонче и оставете ја да отстои 15 минути (ова ќе го олесни месењето). Во меѓувреме, направете го зелениот сос.
- Посипете овесно брашно на чиста работна плоча и измесете го тестото во блик во тркалезна топка. Ако е премногу лепливо, додадете малку уште малку овесно брашно (влажни раце или пченкарен скроб, исто така, можат да помогнат да стане тестото помалку лепливо).
- Поделете на 4 еднакви делови и обликувајте го секој од нив во вид на помала топка. Едно по едно, со раце или сукало претворете ги во овални дискови, и како што сучите - остатокот од топчињата чувајте го покриен со најлонче за да не се исуши.
- Загрејте тава за пржење на средна температура. Премачкајте ја со малку маслиново масло, и пржете околу две минути на првата страна од секое лепче или додека не почне да изгледа запечено. Свртете и пржете на другата страна уште една минута. Завиткајте го лепчето во крпа додекаги пржите останатите лепчиња. Зелен сос
- Ситно исецкајте ги билките, додадете го намазот од лук (макалото) и другите состојки и измешајте сè заедно. Дополнителни состојки
- Распоредете добар слој од павлака на секое лепче и посипете врз павлаката со зелениот сос.
- Исечете ги доматите тенко и наредете ги рамномерно над секое лепче.
- Во микробранова растопете неколку парчиња моцарела и ставете ги над доматите.
- Посипете со чили во прав (јас ставив и сушен босилек).