Категорија: Вечера, Главни јадења, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
			
			
									
					
						
						
						Количина
						4 Порции
										
						
						Комплексност:Лесна					
										
					
						
						Подготовка:						10 мин.
										
						
						Готвење:
						20 мин.					
										
						
						Вкупно време
						30 мин.
						
			
					Рибата (вклучително туната и сардината) е здрава храна која му овозможува на организмот омега-3 масни киселини. Во овој случај ви приготвив тестенини со туна и уште некои интересни состојки. Само една напомена, поради количината на жива во туната, препорачлива доза на туна за еден човечки организам во текот на еден месец е максимум 6 просечни оброци. Значи, иако е превкусен овој рецепт, после него пробајте и други без туна 
Состојки
						Прилагоди број на порции
						
					
					
				Инструкции
- Тестенините ги вариме во еден сад, а во друг го истураме маслото од туната и таму ги пропржуваме кромидот и лукот до степен на омекнување.
 - Ги додаваме пченката, маслинките и теријаки сосот и динстаме 10 минути.
 - Сосот го истураме во садот со веќе сварените и процедени тестенини, посолуваме по вкус и додаваме сушен босилек и свеж магдонос.
 - Ги мешаме тестенините со сосот за убаво да се соединат и ова вкусно јадење е подготвено за дегустација.
 
