Медитерански тестенини ??

Рибата (вклучително туната и сардината) е здрава храна која му овозможува на организмот омега-3 масни киселини. Во овој случај ви приготвив тестенини со туна и уште некои интересни состојки. Само една напомена, поради количината на жива во туната, препорачлива доза на туна за еден човечки организам во текот на еден месец е максимум 6 просечни оброци. Значи, иако е превкусен овој рецепт, после него пробајте и други без туна :)
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 500 g интегрални тестенини
  • 2 конзерви туна
  • 1 кромид (сецкан)
  • 1 млад кромид (сецкан)
  • 2 чешниња лук (сецкани)
  • 70 g несолени маслинки (сецкани)
  • 150 g пченка (конзерва)
  • 50 ml теријаки сос
  • 1 tbsp сушен босилек
  • 1 tsp свеж магдонос
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. Тестенините ги вариме во еден сад, а во друг го истураме маслото од туната и таму ги пропржуваме кромидот и лукот до степен на омекнување.
  2. Ги додаваме пченката, маслинките и теријаки сосот и динстаме 10 минути.
  3. Сосот го истураме во садот со веќе сварените и процедени тестенини, посолуваме по вкус и додаваме сушен босилек и свеж магдонос.
  4. Ги мешаме тестенините со сосот за убаво да се соединат и ова вкусно јадење е подготвено за дегустација.