Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Прилози, Разно, Ручек
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
30 мин.
Кремаста, здрава, освежувачка и неверојатно вкусна салата. Од многуте начини на подготовка на компири, овој ми е еден од омилените. Прилог за било кое главно јадење или оброк – салата за ручек или вечера, ваш е изборот како ќе ја наменете.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Излупете ги компирите и ставете ги да се варат во тенџере.
- Во меѓувреме исецкајте ги кромидот, краставицата и ротквиците на ситни парчиња.
- Павлаката и сенфот измешајте ги во посебен сад за да добиете хомогена смеса.
- Штом компирите се сварени, исецкајте ги на ситни парчиња во чинија, додадете сол, сецкан кромидот, краставица, ротквици и смесата од павлака и сенф.
- Измешајте убаво и декорирајте со ситни парчиња млад кромид и ситно сецкана ротквица.