Крем салата со компири

Кремаста, здрава, освежувачка и неверојатно вкусна салата. Од многуте начини на подготовка на компири, овој ми е еден од омилените. Прилог за било кое главно јадење или оброк - салата за ручек или вечера, ваш е изборот како ќе ја наменете.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 4 компири (варени)
  • 1/2 краставица
  • 4 ротквици
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 парче млад кромид
  • 250 g кисела павлака или грчки јогурт
  • 100 g сенф
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. Излупете ги компирите и ставете ги да се варат во тенџере.
  2. Во меѓувреме исецкајте ги кромидот, краставицата и ротквиците на ситни парчиња.
  3. Павлаката и сенфот измешајте ги во посебен сад за да добиете хомогена смеса.
  4. Штом компирите се сварени, исецкајте ги на ситни парчиња во чинија, додадете сол, сецкан кромидот, краставица, ротквици и смесата од павлака и сенф.
  5. Измешајте убаво и декорирајте со ситни парчиња млад кромид и ситно сецкана ротквица.