Категорија: Вечера, Главни јадења, Морска храна, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 5 мин.
Готвење:
25 мин.
Вкупно време
30 мин.
Екстра брз и екстра здрав ручек! Што подобро од лосос? Навистина, лососот не евтин да се купи свеж, но замрзнатите котлети од лосос даваат речиси ист ефект во однос на вкусот, а се далеку поевтини. Верувајте, секој залак вреди! А тоа дека ова превкусно јадење се подготвува за 30 минути е сосема друга категорија на задоволство. Кој нема пробано лосос – веднаш да проба!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Одмрзнете ги лососовите котлети, па ставете го секој од нив на парче алумниумска фолија. Зачинете ги од двете страни со сол (вегета) и бибер и додадете им по малку путер. Завиткајте ја убаво фолијата на секое парче лосос и наредете ги на плех за печење.
- Зеленчукот (јас ставив печурки, карфиол, морков и брокула) исто ставете го во алуминиумска хартија, зачинете го со сол, ставете парче путер и убаво завиткан ставете го на истиот плех каде што се котлетите.
- Печете 25 минути на 185 степени. Зеленчукот декорирајте го со балсамико дресинг.